Семејна драма во Виена: Таткото му ги исекол прстите на синот, a тој потоа го гризнал за уво

2 mins read

Бизарна семејна расправија завршила со тешки повреди на сите членови од едно семејство во Виена. Полицијата соопшти дека всушност станува збор за Австријци со српско потекло.

Портпаролот на виенската полиција Кристофер Верхњак денеска за виенските медиуми изјави дека во семејниот стан, 56-годишен маж со нож ја нападнал својата 53-годишна сопруга. Во таа прилика ѝ нанел тешки исеченици на вратот. Со тешки повреди се здобил и заедничкиот 24-годишен син, кој се обидел да ѝ помогне на својата мајка.

Како што се наведува во соопштението на полицијата, таткото му исекол неколку прсти на синот, кои потоа во болницата му биле повторно сошиени. Во тепачката младиот човек му го одгризал увото на својот татко, а потоа го испрскал со бибер-спреј. Мајката при тепачката меѓу таткото и синот успеала да побегне и да повика полиција.

Тројцата членови од семејството се по потекло од Србија и биле префрлени во болница.

Увото на таткото повторно било сошиено, но штом бил пуштен од болница, тој бил уапсен од страна на полиција.

Полицијата има потешкотии да ја утврди причината за семејната расправија, бидејќи учесниците не сакаат да зборуваат и да ги кажат деталите за настанот. Таткото го негирал нападот врз жената, а неговата сопруга и син сè уште не можеле да бидат сослушани.

Против 56-годишникот полицијата изрече забрана за приближување до заедничкиот стан, како и привремена забрана за поседување оружје.

Пријава за нанесување тешки телесни повреди ќе треба да се соочи и неговиот син, но од полицијата посочуваат дека не е невозможно тој да дејствувал во самоодбрана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Рокенрол цареви на едно место – „Ролинг стоунс“ и „Манескин“ ја „запалија“ американската публика!

Следно

Ахмети и Мицкоски денеска имале „информативна“ средба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian