Се конституираше Советот на Општина Бутел

1 min read

Денеска се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Бутел, на која беа верифицирани мандатите на избраните членови на советот.

Со седницата до изборот на претседател, претседаваше највозрасниот советник Чедо Николовски.

За претседател на советот е избран д-р Игор Николов од коалицијата „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

На истата седница со заедничка согласност и координација на сите советнички групи беа избрани претседателите и членовите на работните тела на советот (комисиите).

Инаку, мнзинство во Советот има коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ со десет советници, коалицијата предводена од СДСМ има 4, ДУИ 3, Левица 1 и коалицијата Алијанса/ Алтернатива 1.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски им посака плодна работа на советниците и заедничка соработка во интерес на граѓаните.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Шест недели и 6 илјади долари за секоја од периките – Колку чинело да се рекреира изгледот на Принцезата Дијана за Кристен Стујарт во филмот „Спенсер“?

Следно

Литванија испраќа војници на границата со Полска и Белорусија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian