Русија може да го признае „копањето“ на криптовалути како деловна активност

2 mins read

„Копањето“ на криптовалути во Русија треба официјално да се признае како деловна активност и да се оданочува, пишува рускиот портал Известија, повикувајќи се на изјави на официјални лица.

Според Известија, претставниците на руското Министерство за економски развој и Министерството за енергетика веруваат дека „копањето“ на криптовалути се вклопува во дефиницијата за деловна активност и дека неговото признавање како активност ќе им овозможи на властите да ја регулираат оваа сфера и да го наплатат соодветниот данок.

Иницијативата наводно се разговара со претставници на бизнис заедницата и се подготвуваат конкретни предлози во таа област.

Според Алексеј Минаев, заменик-директор на Одделот за развој на дигиталната економија во Министерството за економски развој, признавањето на крипто-рударската индустрија како деловна активност ќе биде од корист и за државата и за рударите.

„Токму ова е областа во која државата може да го реализира приливот во вид на даноци, луѓето да си ги легализираат приходите; а големите компании стануваат се позаинтересирани“, вели тој.

Оваа идеја ја поддржува и Министерството за енергетика, при што неговите претставници истакнаа дека регулативата треба да наложи рударската дејност да се регистрира во фазата на приклучување на електроенергетскиот систем, бидејќи оптоварувањето на мрежата се разликува во потрошувачката на домаќинствата и во рударството.

Централната банка не ја поддржува идејата

Централната банка на Русија, сепак, не ја поддржува оваа иницијатива, наведувајќи ги ризиците од тргувањето со криптовалути во Русија.

Русија не забранува „копање“ на криптовалути, но регулативите во таа област засега се прилично нејасни. Законот за дигитални финансиски средства (DFA), кој стапи на сила во јануари оваа година, не го споменува терминот „рударство“, туку само дефиницијата за „издавање дигитална валута“.

Законот ги дефинира криптовалутите како средства и им дозволува на руските граѓани да вршат трансакции со дигитални токени, но не и да ги користат како средство за плаќање во земјата. Од нив се бара и да платат данок на криптовалутите. „Копачите“ на криптовалутите, сепак, не се споменати во законот, па затоа немаат правен статус, ниту пак нивните активности подлежат на добивање работна дозвола и оданочување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Шармот не се купува“: Девојката на Безос флертуваше со Ди Каприо пред него (ВИДЕО)

Следно

Алтернатива до среда ќе соопшти дали нејзините пратеници ќе гласаат да се сруши владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian