Римокатоличката црква дава оштета на жртвите на сексуална злоупотреба

1 min read

Епископите на Римокатоличката црква во Франција денеска се договорија да платат паричен надомест на жртвите на сексуална злоупотреба во рамките на таа верска заедница, пренесува АФП.

Претседателот на Француската бискупска конференција, Ерик де Мулен-Бофор, го поздрави потегот како „одлучувачки чекор“.

Тој рече дека Црквата ја препознала својата „институционална одговорност“ и одлучила да тргне „по патот на признавање и репарација што го отвора патот за жртвите да добијат компензација“.

„Бевме згрозени откако разбравме за страдања кои ги преживеале и сè уште ги преживуваат толку многу луѓе“, рече Мулен-Бофор.

Тој не соопшти детали за висината на обештетувањето и начинот на плаќање

Француската бискупска конференција го одржа својот годишен состанок еден месец по објавувањето на извештајот кој откри сексуална злоупотреба на големи деца во рамките на Римокатоличката црква во Франција.

Извештајот беше објавен од независна комисија која процени дека свештеници или други луѓе поврзани со Црквата сексуално злоставувале околу 330.000 деца во претходните 70 години.

Прикривањето на злоупотребата од страна на Црквата во извештајот беше опишано како „системско“.

Скандал во француската католичка црква: За 70 години, 216 илјади деца жртви на педофилија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓорѓиевски оствари средба со првиот човек на АД „Цементарница УСЈЕ”

Следно

Арсовска: Почнуваме да ја реализираме визијата за европско модерно Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian