Ѓоковиќ во иднина се гледа како тренер: Немам намера знаењето да го однесам во гроб

1 min read

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ изјави дека се радува на улогата на тренер во иднина, како и дека му е мило што своето знаење ќе го пренесе на другите.

Ѓоковиќ беше запрашан дали може да се замисли како тренер на Данил Медведев, Србинот имаше интересен одговор.

– Хаха, мислам дека доколку би бил негов тренер не би имал многу работа. Се шегувам, тој е еден од најдобрите тенисери на светот во овие моменти и доколку остане здрав и во наредните години ќе биде во врвот и ќе освои уште многу грен слем титули.

Ѓоковиќ потоа изјави дека се гледа како тренер во иднина.

– Го сакам тенисот. Не го сакам само кога победувам туку и кога сум со своите деца на теренот, кога го гледам на ТВ или во живо и кога се обидувам да го пренесам своето искуство и знаење на новите генерации во тенискиот центар Новак на кој сум му посветен. Се обидувам се што направив и научив сакам да го пренесам на новите генерации. Знаењето може да биде проклетство доколку не го употребувате. Што би правел по крајот на кариерата, да го однесам целото знаење во гроб и да кажам дека сум најдобар, а никој по мене ги нема тие информации од мојот живот, филозофија, принцип на работа, пристап – вели Ѓоковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Таравари: Во новото мнозинство ќе има и пратеници од СДСМ и од ДУИ

Следно

Додик по средбата со Ескобар: „Никој од Република Српска не повика на војна како опција“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian