Нов шок за данската репрезентација: Каспер Нилсен боледува од дијабетес

1 min read

Данскиот репрезентативец Каспер Долберг откри деја му ја дијагностициран дијабетес тип 1 и поради тоа нема да биде дел од националниот тим во натпреварите со Фарски Острови и со Шкотска во последните два натпревари во квалификациите за пласман на СП 2022 година, но се очекува во најскоро време да се среди неговата здравствена состојба и да нормално да ја продолжи кариерата.

Фудбалерот на Ница во последните две недели не се чувствуваше добро и деталните лекарски прегледи и анализи утврдија дека Долберг боледува од дијабетес.

„Утринава ги добив резултатите од медицинските тестови кои покажаа дека имам дијабетес тип 1. Ова претставува изненадување за мене, но искрено, ми олесна што конечно дознав зошто се чувствував лошо во последните две недели. Затоа одлучивме заедно со селекторот Каспер Хјулманд да не играм за репрезентацијата“, напиша Долберг на социјалните мрежи.

Според лекарите, болеста не би требало да му прави проблеми во понатамошната кариера.
„Лекарите ми потврдија дека со правилен третман, ова не би требало негативно да влијае на мојата кариера“, додаде Долберг.

Дијабетес тип 1 е хронична болест која бара доживотно лекување со инсулин, а спортската активност се препорачува на болните од оваа болест.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новаковски: Кризата нема да се реши до четврток, ќе мора посредници да ги седнат лидерите на маса

Следно

Лончар: Потпишавме договор со „Фајзер“ за нивниот лек против ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian