Литванија испраќа војници на границата со Полска и Белорусија

1 min read

Литванија испраќа војници на границата со Белорусија поради приливот на мигранти, изјави министерката за внатрешни работи на земјата, Агне Билотајте.

Таа не го прецизираше бројот на војници кои ќе бидат испратени на полско-белоруската граница.

Германско-полска граница/ Фото EPA-EFE/Marcin Bielecki POLAND OUT

Министерството за внатрешни работи дури и предложи на Владата да воведе вонредна состојба во врска со ситуацијата поврзана со движењето на големи групи илегални мигранти од Азија и Африка кон полската граница.

Поради мигрантската криза, во Литванија во моментов има вонредна состојба.

Денеска прес-секретарот на министерот, кој ги координира активностите на полските специјални служби, Станислав Жарин, соопшти дека властите во Полска пресретнале подготовки за упад на границата од Белорусија од страна на илегални мигранти.

„Следиме што се случува на полската граница. Не е исклучено со обиди за вакви упади да се соочи и Литванија, поради што се прелоцирани силите на граничната полиција“, рече Билотајте.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се конституираше Советот на Општина Бутел

Следно

Во Грција не поминуваат ковид-пропусниците од Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian