ФОТО | Рокенрол цареви на едно место – „Ролинг стоунс“ и „Манескин“ ја „запалија“ американската публика!

1 min read

Рокерите што ја освоија европската публика и Евровизиската титула за 2021, стануваат познати и омилени и во Америка, каде имаат турнеја. Вчерашниот настап на „Манескин“ беше отворање на концертот на една од најпознатите рокенрол бендови на сите времиња, „Ролинг стоунс“.

На објавата со фотографии од настанот, „Манескин“ напишаа:

„Каква ноќ, благодарение на „Ролинг стоунс“ – најдобро сеќавање за сите времиња!“.

На социјалните мрежи, фановите не стивнуваат со своите позитивни реакции за младиот и перспективен италијански рокенрол бенд, кој успеа да стигне до светската сцена и да биде бендот кој го отвори концертот на Стоунси. Освен коментарите од публиката, се огласи и Мик Џегер, фронтменот на „Ролинг стоунс“, кој на твитер сподели фотографија со бендот и напиша:

„Одлична ноќ во Лас Вегас“

За таа прилика, членовите на бендот беа модно усогласени во боите на американското знаме. Вистински Италијани со манири и чувство за мода!

„Манескин“ на турнеја/Facebook
„Манескин“ на турнеја/Facebook
„Манескин“ на турнеја/Facebook
„Манескин“ на турнеја/Facebook

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лончар: Потпишавме договор со „Фајзер“ за нивниот лек против ковид

Следно

Семејна драма во Виена: Таткото му ги исекол прстите на синот, a тој потоа го гризнал за уво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian