Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за последните два натпревари од квалификациите за пласман на СП 2022 година против Ерменија и Исланд и тоа со собирот кој беше во хотелот „Хилтон“.
Селекторот Благоја Милевски за натпреварите против Ерменија на 11. ноември и со Исланд на 14. ноември, мораше да направи две измени и на местото на повредените Ердал Ракип и на Адис Јаховиќ дополнително ги повика Енур Тотре и Доријан Бабунски.
Првиот официјален тренинг, фудбалерите ќе го имаат од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Фудбалерите по осум одиграни натпревари имаат 12 бодови и се наоѓаат на делба на третото место во групата Ј и имаат бод помалку од второпласираната Романија која се наоѓа на позицијата која носи во баражот.