ФОТО | Џеј Ло и Бен Афлек во „љубовен занос“, не можат да ги оттргнат рацете еден од друг!

1 min read

„Тие се неверојатно среќни кога се заедно“ велат извори близу до медиумот „People“ за оваа старо нова двојка што повторно се спои годинава.

За Бен Афлек и Џенифер Лопез, далечината им ја разгорува љубовта.

Откако заедно го проведоа викендот во Лос Анџелес, Калифорнија, Афлек беше уловен од папараците на аеродром на лет за Ванкувер, Канада, каде што се бакнуваа страствено со Лопез, пред да се разделат. На социјалните мрежи, фотографиите од нив двајца станаа вирални, па дури и користени како меме за „големата љубов“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jlo fan (@jennifermyobsession3)

Изворот вели дека на парот „тешко“ им паѓа кога се разделени.

Иако имаат интезивни работни распореди, сепак наоѓаат време еден за друг. Неколку пати Џенифер леташе за Остин, пред да се врати на снимањето во Ванкувер.

„Тие сепак успеваат да се видат, неверојатно се среќни кога се заедно. Како далечината да ги натера се’ повеќе да ја ценат својата врска. Џенифер постојано зборува како Бен е неверојатен со неа. Тој ја прави навистина среќна“ – вели изворот.

Парот оваа година ја обнови својата врска. Тие се верија во 2002, но ја одложија венчавката, за потоа да се разделат во јануари 2004.

ФОТО | Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа во Венеција: Холивудскиот пар е неразделен

 

ФОТО | Џеј Ло наполни 52 години и ја објави првата фотографија со Бен Афлек на која страсно се бакнуваат

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ашковски: Со добра игра да дојдеме до две победи 

Следно

Влошена состојбата на Саакашвили, поранешниот грузиски претседател префлен во болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian