ФОТО | Алексис од “Династија” ги „подбра” славните: Трамп е селанец, Анистон има чудни раце, Меган и Хари…

4 mins read

Холивудската дива Џоан Колинс ја претстави својата најнова автобиографија и во неа откри доста пикантерии, меѓу кои и сопственото признание дека своевремено се „скарала“ со мрзливите продуценти и поради тоа загуби важна актерска улога.

Книгата на Џоан, наречена „Мy Unapologetic Diaries“, ја отвори темата на холивудските продуценти како Дерил Занук (кој чувал златна скулптура од пенис на работната маса) кои можеле да ги злоупотребуваат актерките без да бидат казнети за тоа.

Актерката која нашата повозрасна публика ја памети по улогата на Алексис во „Династија“ отворено пишува во книгата дека никогаш не се продала себеси за да добие улога, и поради тоа улогата на Клеопатра во 1963 ѝ припадна на Елизабет Тејлор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Во интервју за магазинот Corriere Dela Sera Колинс раскажува како се бранела од сексуални предатори удирајќи ги со колено во меѓуножјето.

„Мислам дека бев една од првите феминистки, кога тој термин сè уште не беше преупотребен збор.

Само сакав да живеам скромно, како човек“,  рече таа.

На тој начин таа уште еднаш откри јавна тајна за злоупотребата  на актерките во Холивуд, за што медиумите почнаа да се интересираат кога почнаа обвинувањата против продуцентот Харви Вајнштајн.

Во долгото интервју таа откри и дека не е подготвена за пензионирање и дека покрај дневникот работи и на нов автобиографски документарец во продукција на Би-Би-Си: „Годините се само бројка, а моите не се на список“, на шега одговори таа.

Актерката која седум децении е во шоубизнисот, притоа посведочила колку многу нејзини колеги умираат, и свесна е дека староста не е пријатна.

„Како девојче, мислев дека Френк Синатра е најдобар. Тажно е да се гледаат луѓето како се приближуваат до смртта”, рекла Џоан.

Синатра боледувал од деменција, а Колинс денес го памети како збунет старец кој се однесувал како дете, ги прекинувал другите додека зборуваат и прашувал дали е време да си оди дома.

„Староста е тема која секогаш предизвикува одредена непријатност. Мешавина од тага, сожалување и сеќавање кога тие луѓе биле во своите најдобри години”, признава актерката.

Колинс отвори многу теми во своите дневници, а со оглед на тоа дека таа е личност која често кажува што мисли без влакна на јазикот, особено е интересно да се види што мисли за познатите и влијателни личности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Таа го опиша комичарот и водител на ток-шоуто Џеј Лено како „еден од најмалку смешните и најмалку привлечните мажи во Америка“, а поранешниот американски претседател Доналд Трамп како „глупав селанец“.

За актерката Џенифер Анистон рече дека ги има „најтенките раце“ што ги видела, а за Кара Делeвињ дека е „екстремно слободна девојка“.

Иако без двоумење зборува за многумина, сепак има неколку луѓе за кои нема коментари.

„Мислам дека во последно време добиваат доволно внимание од печатот“, ладно одговори таа на прашањето на новинарите што мисли за Хари и Меган Маркли.

Познатата британска актерка открива дека причината поради која се држи настрана од социјалните мрежи е стравот од „откажување“, односно стравува дека ќе стане жртва на т.н. откажана култура. (Cancel culture).

Погледнете го видеото со култните реплики на Џоан во улогата на Алексис, апсолутно ѝ прилегаат.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ужас во Нигер: Изгорело училиште, најмалку 20 деца мртви

Следно

Милиони тони пластичен отпад како последица на пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian