Еди Хау и официјално седна на клупата на Њукасл: Чест е да се води овој тим

1 min read

Еди Хау денеска и официјално беше именуван за нов менаџер на Њукасл.

Менаџерот кој во минатото седеше на клупата на Борнмут, доаѓа на местото на Стив Брус кој доби отказ откако Њукасл беше купен од страна на Саудискиот инвестициски фонд кој е под директна надлежност на принцот Мохамед бин Салман.

– Голема чест е да се работи во клуб со ваква историја. Им благодарам на сопствениците кои ми укажаа доверба и на навивачите за поддршката. Ова е фантастична шанса за мене, но и тешка задача. Знам дека не чека многу работа, но едвај чекам да започнам – изјави 43-годишниот Хау.

Еди Хау не беше првиот избор на новите сопственици за нов менаџер, тие сакаа некое далеку позвучно, но беа одбиени од Жозе Мурињо, Антонио Конте, Брендан Роџерс, Стивен Џерард, Роберто Мартинез, Унаи Емери.

Новиот менаџер има тешка задача пред себе, мора да пронајде начин да го остави Њукасл во Премиер лигата бидејќи екипата во првите 11 кола нема ниту една победа и заедно со Норич се наоѓа на дното на табелата со само пет освоени бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алтернатива до среда ќе соопшти дали нејзините пратеници ќе гласаат да се сруши владата

Следно

Најточниот хороскоп на светот: Пророштвото на тибетските монаси открива сè за сите!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian