Додик по средбата со Ескобар: „Никој од Република Српска не повика на војна како опција“

2 mins read

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска изјави дека ниту тој ниту било кој од Република Српска никогаш не повикал на војна ниту пак војната ја сметал како опција.

Коментирајќи ја денешната средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан Габриел Ескобар, Додик рече дека за време на разговорите го повторил својот претходен став дека сите оние кои се закануваат со оружје треба да бидат предмет на брза меѓународна интервенција.

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

– Сите процеси треба да бидат политички и никој да не ја зема војната како опција. Немаме намера да го поткопаме територијалниот интегритет на БиХ. Немав потреба да се правдам на оваа средба – истакна Додик.

Габриел Ескобар на средба со Жељко Комшиќ
Габриел Ескобар  / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Тој посочува дека го информирал Ескобар за своите намери да оди во Народното собрание на РС и да ја повлече согласноста дадена за заедничка федерална армија, Уставниот суд и индиректните даноци.

„Важно е да се знае дека вооружените сили на БиХ не можат да ги пополнат квотите за Србите и Хрватите. Хрватите не можат да пополнат 50 отсто од квотата, а Србите 30 отсто затоа што луѓето не сакаат да одат во таа војска. Единствено решение е да се намалат тие квоти бидејќи не сакаме позициите што треба да ги пополнат Србите и Хрватите да ги пополнат Бошњаци“ – рече тој.

– Ескобар ги смета нашите приговори за фрустрации. Да, има фрустрации, бидејќи Уставниот суд е инквизиторски суд. Не можеме да го прифатиме ова сегашно судство на ниво на БиХ – рече Додик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ во иднина се гледа како тренер: Немам намера знаењето да го однесам во гроб

Следно

Шест недели и 6 илјади долари за секоја од периките – Колку чинело да се рекреира изгледот на Принцезата Дијана за Кристен Стујарт во филмот „Спенсер“?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian