Белата куќа против скапата арапска нафта

4 mins read

И покрај притисокот од Вашингтон, ОПЕК останува посветен на постепено додавање барели на пазарот, додека САД велат дека производството треба веднаш да се зголеми за луѓето да не страдаат следната зима.

Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

 

Официјален Вашингтон е подготвен да ги искористи „сите неопходни средства“ за да ја направи сегашната рекордна цена на нафтата поприфатлива за американските потрошувачи. Игнорирањето на апелот на американскиот претседател Џозеф Бајден за зголемување на производството на нафта во декември, ОПЕК и неговите партнери, предводени од Русија, се ставија себеси во позиција на главни попречувачи во глобалното економско пост- корона закрепнување на светската економија .

Ова се официјалните реакции на Белата куќа на одлуката на „ОПЕК плус“ да ги игнорира апелите на Вашингтон за поголемо производство на нафта и да продолжи со планот за постепено додавање на 400.000 барели нафта дневно на пазарот до крајот на 2022 година. Оваа одлука на „ОПЕК плус“ на краткиот виртуелен самит во четвртокот повторно ја покачи цената на стратешката енергија.
Држејки се и натаму по своите планови „ОПЕК плус“ покажа дека јавно ги игнорира барањата на Белата куќа, по што САД би можеле да ги натераат САД да повлечат реципрочни мерки


Во исто време се преиспитуваат и односите на САД со нејзиниот клучен партнер на Блискиот Исток, Саудиска Арабија поради оваа полтика на производство на нафтата оценуваат нафтените експерти .
Во четвртокот, по седницата на ОПЕК, Вашингтон без двоумење го навести својот понатамошен курс на дејствување против насилниот скок на цената на нафтата, бензинот и другите деривати на американскиот пазар.

„Претседателот смета дека Американците треба да имаат на располагање прифатлива енергија, вклучително и на бензинските пумпи. Ни наложи да ги следиме пазарите и да бидеме подготвени да ги примениме сите потребни средства. „ОПЕК изгледа не е подготвен да ги искористи своите капацитети и моќ сега, во овој критичен момент за глобалното закрепнување на земјите ширум светот“, изјави портпаролот на Белата куќа, објавувајќи ја реакцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден на одлуката на „ОПЕК плус“ да игнорирање на жалбата на Вашингтон.за итното зголемување на испораките на барели нафта во декември.

Џенифер Гранхолм, државен секретар на САД за енергетика посочи дека ставот и пораката од Вашингтон е понудата на нафта да се зголеми во овој момент, за луѓето да не страдаат во текот на зимските месеци“.

Во меѓувреме, следната седница на ОПЕК заедно со „ОПЕК плус“ е закажана за 2 декември. До тој ден, 23 земји извознички на нафта, предводено од Саудиска Арабија и Русија, според договорот од пред два дена, ќе се држи до планот за додавање 400.000 барели нафта дневно. „ОПЕК сака да му даде јасна порака на пазарот во време кога другите фактори на енергетскиот комплекс надвор од границите на нафтениот пазар се соочуваат со крајно каприциозни и нестабилни трендови“, се вели во соопштението на ОПЕК.

Дека конфронтацијата меѓу водечките купувачи и производители на нафта овојпат не е како досега, говори и фактот што на прес-конференцијата по седницата се појавија сите министри на членките на ОПЕК. Визијата за новостекнатата улога на ОПЕК како „регулатор“ на светскиот енергетски пазар ја изразија министрите за енергетика на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати кои оценија дека нафтата не е проблем, туку фактот што енергетскиот комплекс (опсегот на погонски суровини) минува низ фаза на уништување и пекол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утринско искушение за убав почеток на неделата: Плазма коцки со путер од кикиритки

Следно

Клиниката за гастроентерохепатологија воведува нова процедура за третман на заболување на хранопровод

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian