Ашковски: Со добра игра да дојдеме до две победи 

1 min read

Фудбалерот на Сепси, Стефан Ашковски посакува фудбалската репрезентација на Македонија да прикаже добра игра и да обезбеди две победи во завршницата од квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

Репрезентацијата денеска ги започна подготовките за последни два натпревари од квалификациите против Ерменија во Ереван и против Исланд во Скопје. Фудбалерите моментно се наоѓаат на делба на третото место во групата Ј со 12 бодови, еден помалку од второпласираната Романија и поради тоа победите на последната два наптревари од квалификациите се императив за избраниците на селекторот Милевски.

– Сигурно дека овие два меча ќе ни бидат многу значајни и се надевам дека со добра игра ќе имаме две победи. Секако дека не зависи сè од нас, но ќе дадеме сè од себе да победиме и да се претставиме во најдобро светло. На последните натпревари ни недостигаше и малку среќа, но се надевам дека сега ќе ни се врати за сè тоа што загубивме претходно. Најважно е да бидеме како едно, сплотени и да играме офанзивно. Мислам дека ќе биде добро. Хендикепирани сме со неиграње на неколку играчи, кои ќе ни фалат, но Македонија има достојни замени за нив и ќе повторам мислам дека ќе биде добро на крајот – вели Ашковски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска: Почнуваме да ја реализираме визијата за европско модерно Скопје

Следно

ФОТО | Џеј Ло и Бен Афлек во „љубовен занос“, не можат да ги оттргнат рацете еден од друг!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian