Автобиографијата на еден од најдобрите македонски ракометари Кирил Лазаров „Секогаш на победа“ по цена од 499 денари можете да ја купите во преку 200 продавници низ Македонија и книжарниците на literatura.mk.
Книгите може да се нарачаат и онлајн преку официјалната ФБ страница Кирил Лазаров 7, односно официјалните ФБ и Инстаграм страници на Balkan-Handball.com по цена од 499 денари плус 100 денари испорака до дома.
Книгата може да ја купите на следните места:
Книжарници:
Литература – Т.Ц Буњаковец 078 459 472
Литература – ГТЦ 078 475 283
Литература – Веро Центар 078 459 273
Литература – Битола 078 475 293
Литература – улица Македонија 078/264-754
Литература – Рамстор 078/264-835
Литература – Сити Мол 078/475-291
Денеска Лазаров се дружеше и потпишуваше автограми на своето автобиографското дело – „Секогаш на победа“ во продавницата на Literatura.mk во East Gate Mail.
Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Balkan-handball“.
Патувањето од родниот Свети Николe до Нант, каде што ќе ги закачи „патиките на клин“ следното лето е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации и потсетник за современиците на голема кариера. Книгата, која љубителите на спортот во Македонија и во целиот регион со нетрпение ја очекуваа, е достапна во сите наши книжарници.