ВИДЕО | Меѓу загинатите на фестивалот „Астроворлд“ е и 14-годишно дете

1 min read

За време на концертот на раперот Тревис Скот, којшто во петокот се одржа во рамки на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, се случи стампедо во кое животот го загубија осум лица, а 25 лица се повредени.

Според изјавата на градоначалникот на Хјустон, најмладиот меѓу повредените е 10-годишно дете. Како што дознаваме денеска, најмладиот загинат посетител на концертот е дете на само 14 години, објави SkyNews.

Шефот на полицијата во Хјустон вели дека сѐ уште не се знае што точно предизвикало вакво стампедо, дека инспекторите работат на случајот. Тој додава дека има гласини дека некој во дел од толпата инјектирал одредена психоактивна супстанца и дека тоа допрва ќе се утврдува.

Најлошиот дел од инцидентот се случил околу 21.15 часот по локално време, кога околу 50 000 луѓе се упатиле на бината, вели шефот на локалните пожарникари, Самуел Пена. Присутните тврдат дека било застрашувачко, и дека сѐ се случило многу брзо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео прошетка низ Ист Гејт Мол

Следно

ВИДЕО: Дончиќ со тројка во последните секунди за триумф на Далас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian