ВИДЕО | Фантастичен: Ѓоковиќ го освои Париз – тенисер со најмногу мастерс титули!

2 mins read

Денеска во големото финале на АТП Мастерс турнирот во Париз триумфираше Новак Ѓоковиќ со резултат 2:1 во сетови против Данил Медведев.

Рускиот натпреварувач го доби првиот сет после 42 минути игра во француската престолнина со 6:4. Израмни српскиот ас на 1:1 откако го освои вториот сет со 6:3, а со истиот резултат доминираше и во третиот за конечни 2:1.

Ѓоковиќ немаше добар почеток во дуелот против Медведев, Русинот успеа да го освои и четвртиот последователен сет (после три на „УС Опен“) против српскиот тенисер, па Ноле мораше подобро да сервира за да му се спротивстави на одличниот Русин.

Тоа и го направи во понатамошниот период од играта, Ѓоковиќ го подобри првиот сервис, во вториот сет имаше неверојатен процент на искористеност на првиот сервис, ја искористи единствената брејк топка која беше доволна за 6:3.

Ѓоковиќ ја пробиваше бариерата, реагираше кога беше најпотребно и си го трасираше патот до нов трофеј. Во третиот сет Србинот блескаше од четвртиот гем, дотогаш беше 2:2, а потоа како во „петта брзина“, врза десет поени, а Медведев не знаеше што му се случи. Русинот врати еден брејк, но Новак ја заврши работата во следниот.

Ѓоковиќ уште во полуфиналето го обезбеди првото место на АТП листата, а сега со новиот трофеј уште еднаш потврди зошто е најдобар светски тенисер. Ова е вкупно 37 мастерс титула за Ѓоковиќ во својата кариера, шеста во Париз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Девет фасцинантни начини на кои се менува вљубеното тело: Храната станува послатка, коските стануваат поцврсти…

Следно

Вучиќ: Не донесовме најпаметни решенија во борбата против епидемијата на коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian