Доцна синоќа во НБА лигата составот на Далас со резултат 107:104 на домашен терен го совлада Бостон, а повторно најзаслужен за победата на Маверикси беше Лука Дончиќ.
До крајот на мечот останаа уште 11,4 секунди, Словенецот ја презеде одговорноста во последниот напад и со неверојатна тројка во последните секунди донесе победа за домаќините.
Уште еден одличен меч сезонава за Дончиќ кој реализираше 33 поени, девет скокови и пет асистенции. На спротивната страна прв стрелец беше Џејсон Тејтум со „дабл-дабл“ учинок од 32 поени и 11 скокови.
Лејкерси загубија и од Портланд во чии редови блескаше Демијан Лилард со 25 поени (шест асистенции). За „езерџиите“ поради повреда не настапи Леброн Џејмс, најефикасен во поразот беше Малик Монк со 13 поени.
Luka for the game winner pic.twitter.com/emqzJ0tmIg
— Celtics on NBC Sports Boston (@NBCSCeltics) November 7, 2021
НБА лига, резултати –
Мајами хит – Јута џез 118:115
Чикаго булс – Филаделфија сиксерс 105:114
Далас маверикс – Бостон селтикс 107:104
Феникс санс – Атланта хокс 121:117
Портланд трејл блејзерс – Лос Анџелес лејкерс 105:90