Состојбата со ковид-19 во регионот е сѐ полоша, најавени се нови рестрикции

3 mins read

Поради зголемениот број новозаразени, во некои од државите во регионот веќе се најавени одредени рестрикции, а во Србија е пристигнат делта плус сојот, за кој се вели дека претставува многу позаразна форма на вирусот.

Словенечката Влада, во обид да го ограничи брзиот раст на епидемијата, усвои голем број нови рестриктивни мерки, но не се одлучи за заклучување, како што препорачаа некои експерти од здравството, чии капацитети за пациентите со ковид-19 се на работ на издржливост.

Новите мерки стапуваат на сила од понеделник, а меѓудругото опфаќаат скратување на работата на кафеаната и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство.

Угостителските објекти во Словенија ќе можат да работат, при што нивното работно време ќе биде скратено и ќе трае од 5 до 22 часа, а гостите ќе смеат да служат само на маси и на соодветно растојание.

За секој посетител потребно е да се обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор, во продавниците на влезот треба да се означи колку луѓе можат да бидат истовремено внатре, платнените маски повеќе не можат да се користат, туку мора да бидат хируршки или тип FFP2, соопшти владата по седницата, која траеше до доцна во ноќта.

И во Грција стапија во сила новите мерки. Ковид-документот, односно сертификат за вакцинираните, потврда за прележаните и негативен рапид тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите.

Конкретните мерки за задолжителен ковид-документ важат за полнолетните граѓани, а децата од 4 до 17 години може да покажат изјава за направен селф тест, односно негативен резултат од тестот за домашна употреба.

Сите невакцинирани вработени во јавниот и приватниот сектор задолжително, без разлика на нивната работна позиција, како и на вработените во религиозните објекти задолжително ќе треба да се тестираат со ПЦИ или рапид тест два пати седмично, наместо еднаш како што беше досега.

Маската и понатаму е задолжителна во затворените простори, но и на отворено доколку постои гужва.

Како и досега, така и сега, сите мерки во Грција што важат за Грците, важат и за туристите.

Инаку, во Србија најверојатно е пристигнат делта плус сојот.

Командантот на воената болница на Карабурма во Белград, Иво Удовичиќ изјави дека делта плус сојот на корона вирусот најверојатно е пристигнат во Србија.

– Во прашање е многу позаразна форма, имаме причина за голема загриженост, бидејќи делта плус сојот мутирал, во делот каде што влегува во клетките, тоа е многу позаразна форма на вирусот. Тоа ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа. Тој веројатно е пристигнат во Србија, изјави Удовичиќ.

Во моментов во Србија во црвените зони се лекуваат над 6700 пациенти, во најлоша состојба – на респиратор се 270 и помлади и постари лица.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дончиќ со тројка во последните секунди за триумф на Далас

Следно

Рецепт со ленено семе со кој ќе ги решите проблемите со мрзливите црева и запекот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian