Потврда и од Џенова: Шевченко ќе биде новиот тренер на Пандев

1 min read

Како што веќе се најавуваше, тоа денеска и се официјализираше, Андриј Шевченко се враќа во италијанската Серија А.

Поранешниот украински репрезентативец ќе биде новиот тренер на Џенова во чии редови настапува македонскиот напаѓач Горан Пандев.

Џенова не стартуваше најдобро сезонава во најсилното италијанско првенство, после 12 кола има само еден триумф.

Информациите велат дека Шева ќе го има своето деби како тренер во Серија А на 21 ноември и тоа против Рома на Жозе Мурињо.

Потсетување дека токму Португалецот му беше тренер на Шевченко кој настапуваше како играч во Челси во сезоната 2006/2007.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДУИ за „Слободен печат“: Дардишта зборува за изборна битка, а не за „војна“

Следно

Вучиќ прими „бустер“ доза против коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian