Од вторник локален дожд и намалување на температурите

1 min read

Времето во наредните денови ќе биде умерено до значително облачно. Во вторник ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, особено од среда. Кон крајот на неделата ќе биде поведро, па ќе се намали и утринската температура.

Како што информира УХМР, минималните температури во петок и сабота ќе бидат под нулата и ќе се движат од -3 до пет степени, а дневните ќе достигнат максимум 19 степени.

Утре утринските температури ќе бидат во интервал од 4 до 9 степени, а дневните од 16 до 24 степени.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ортега бара нов претседателски мандат во Никарагва на дискредитирани избори

Следно

Бугарија: Од почетокот на пандемијата со ковид-19 починале 25 005 граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian