Можеби најголемиот боксер на денешницата: Алварез е неприкосновен шампион

1 min read

Саул Канело Алварез испиша историја во Лас Вегас. Мексиканскиот боксер стана првиот неприкосновен шампион во супер-средна категорија (од 73 до 76 кг), откако во борбата за ИФБ појасот го совлада Американецот Кејлеб Плент.

Канело до триумфот дојде со технички нокдаун во 11 рунда и така ги обедини ИБФ, ВБА, ВБЦ и ВБО титулите за помалку од 12 месеци.

Канело Алварез во професионалната кариера има учинок од 57 победи (39 со нокдаун), еден пораз, а две борби завршија нерешено.

– Не беше лесно да се оствари овој успех, мојот тим и јас стигнавме навистина далеку. Јас сум само шестиот боксер кој ги обедини сите четири титули. Среќен сум што можам да кажам дека сум неприкосновен шампион.

Кејлеб е добар борец. Беше тежок ривал, навистина го почитувам. Беше тешко, но на крајот го победив – рече Алварез.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Најдоцна до 14.30 часот утре ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата

Следно

Дечкото ѝ удрил шлаканица на српската актерка среде Белград, таа му го искршила „поршето“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian