Мицкоски: Нема да дозволам Заев да го користи Преспанскиот договор како своја лична заштита

1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не е коректно од страна на премиерот Зоран Заев да се обидува да го користи Преспанскиот договор како своја лична заштита и да продолжува со криминалите, бидејќи, како што нагласи, и ЕУ, а и граѓаните на Република Македонија се увериле дека Зоран Заев само ветувал и лажел, а не исполнил ништо од условите за ЕУ.

-Неколку години наназад се обраќа кон јавноста користејќи ја придавката, иако е свесен дека со тоа задира во чувствата на граѓаните, по цена да се додвори кај соседните земји. Јас тоа нема да го правам, бидејќи сум доволно свесен за манипулацијата во врска со придавката и нејзината примена, рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител.

Никој, нагласува тој, не може да ми забрани да не бидам среќен со Преспанскиот договор и додека политички функционирам да сонувам таа неправда што му е нанесена на македонскиот народ да ја исправам.

-Тоа право не може никој да ми го забрани, тоа е мое право како политичар, цивилизациско право, рече Мицкоски.

Граѓаните на Република Македонија, додаде, избраа просперитет и нови проекти, наспроти криминал и стагнација на целата земја. Тоа е голема чест, но и одговорност, рече Мицкоски, додавајќи дека токму поради тоа новите градоначалници се зафатиле со работа уште од првиот ден

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нова силна експлозија го потресе центарот на Багдад

Следно

ВИДЕО: Ни Ливерпул не може против „чеканите“ – Вест Хем е хит во Премиер лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian