Американскиот Стејт департмент објави дека ќе даде пет милиони долари за информации што ќе им помогнат на властите да фатат и осудат четворица водечки членови на мексиканскиот нарко картел Синаола, меѓу кои и Аурелиан Гузман Луер, братот на злогласниот покровител на оваа криминална организација Хокаим Ел Чапо Гузман.

Покрај него на списокот се и Руперто Салгеиро-Неварез, Хозе Салгеиро-Неварез и Хериберто Салгеиро-Неварез, а сите четворица „работат“ под покровителство на картелот Синаол.
„Четворицата се обвинети за кршење на американските закони за дрога, вклучително и меѓународни заговори за дистрибуција на марихуана, кокаин, метамфетамин и фентанил“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Кој е братот на Ел Чапо?
Аурелиано Гузман Лоера, познат како „Ел Гуано“, бил задолжен за организирање на трговија со дрога во северниот дел на Мексико, но и во САД, а со тоа бил обвинет за трговија со дрога во Аризона и Тексас.
Според пишувањата на весникот „Мексиканиста“, Аурелиано се крие на висорамнините Синаол, а како што кажа новинарот кој успеал да разговара со него, тој е многу аналитички, недоверлив и застрашувачки ладен.

Тој го презеде картелот по падот на неговиот брат. Во тоа време, агентите на американската единица за сузбивање на шверц на дрога, ДЕА, во голема мерка беа пред целосно уништување на овој клан.
Сепак, тоа не го спречи да го нападне воениот конвој кој го превезуваше неговиот близок соработник Хулио Оскар Ортиз Вега со гранати во октомври 2016 година

Тогаш загинаа пет војници, а десет беа ранети, но Аурелиано ја постигна својата цел и гоослободи Хулио. Околу 50 воени камиони биле испратени во Синалоа да го бараат братот на Ел Чапо, но тој успеал да побегне и до сега да остане надвор од дофатот на полицијата.
#País | Aureliano Guzmán Loera, hermano de Joaquín El Chapo Guzmán Loera, tiene una orden de aprehensión emitida por el Departamento de Estado de Estados Unidos, por la cual, anunció una recompensa de hasta cinco millones de dólares.
Aquí la nota 👇👇👇 https://t.co/tw8uTEWdQA— Marmor Informa (@Grupo_Marmor) November 6, 2021
Тој е обвинет и за трговија со луѓе
Покрај горенаведените пријави, тој се товари и за трговија со луѓе. Дополнително, изјавата на Стејт департментот доаѓа во исто време кога Министерството за правда објавува обвинение во кое ги обвинува за кршење на меѓународните закони за трговија со луѓе.

Да потсетиме, Соединетите Држави и Мексико соработуваат повеќе од една деценија во борбата против шверцот со дрога во рамките на програмата наречена „Иницијатива Мерида“, при што САД обезбедуваат воена помош, техничка поддршка и безбедносна обука.
Повеќе од 300.000 луѓе се убиени во судирите меѓу полицијата и членовите на мексиканските нарко картели откако владата на Мексико се вклучи во војната против дрогата во 2006 година.