И покрај јавниот протест полските власти не се откажуваат-Законски е да се прекине бременоста кога е загрозено здравјето на мајката

3 mins read

Полските власти денеска издадоа упатства до лекарите во кои се наведува дека е легално да се прекине бременоста кога е загрозено здравјето или животот на мајката, по масовните протести поради смртта на трудница од септичен шок.

Новиот контроверзен полски закон, кој речиси целосно го забранува абортусот, создаде конфузија и ги наведе лекарите, во страв од казна, да се двоумат да ја прекинат бременоста во случај на тежок деформитет на фетусот.

Министерството за здравство на Полска денеска изјави дека е во согласност со законот да се прекине бременоста кога е загрозено здравјето на мајката, а особено ако нејзиниот живот е во опасност, наведува Асошиејтед прес.
Документот содржи и упатства за предвремено губење на плодовата вода (амнионска течност).

„Треба јасно да се нагласи дека лекарите не смеат да се плашат да одлучуваат врз основа на искуството и расположливото медицинско знаење“, велат од Министерството.

До пред една година, жените во Полска можеа да абортираат во три случаи: ако бременоста е резултат на кривично дело како силување, ако здравјето или животот на жената биле загрозени и во случај на неизлечиви деформитети на плодот.

Таа последна можност беше укината со минатогодишниот закон, кога Уставниот суд на Полска заклучи дека одредбата не е во согласност со законот.

Министерството издаде инструкции по вчерашните протести на десетици илјади Полјаци во Варшава и илјадници во 80 градови низ земјата.

FOTO: EPA-EFE/SEBASTIAN BOROWSKI POLAND OUT

Демонстрантите излегоа на улиците поради смртта на 30-годишната трудница од градот Пшчињ, за која рекоа дека е „првата жртва“ на минатогодишната одлука на Уставниот суд.

Протестите се организирани откако се обелодени дека бремената жена починала во септември во болница од септичен шок бидејќи лекарите го одложиле абортусот чекајќи да престане да чука срцето на плодот.

Лекарите го одложиле абортусот во 22-та недела од бременоста и покрај тоа што плодот немал доволно плодова вода за да преживее.

Тие беа суспендирани од работа, а обвинителството отвори истрага за случајот.

Активистите за правата на жените велат дека законот за абортус има силно влијание врз лекарите во Полска, претежно католичка земја.

Опозицијата и демонстрантите ја обвинуваат владејачката Партија на правото и правдата и Уставниот суд лојални на неа дека ги принудуваат лекарите да чекаат до последен момент во проблематичните ситуации оставајќи само две правни причини за абортус, наместо веднаш да и го спасат животот на трудницата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОВА е најсилниот и најмоќниот хороскопски знак во Зодијакот

Следно

Апасиев: Мене за „стрелањето“ одма ме викнаа во ОЈО, а Шкодрана за „војнава“?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian