ФОТО+ВИДЕО | Етиопската Влада организира протести против бунтовниците од Тиграј

2 mins read

Стотици илјади лица се собраа денеска на протести низ неколку етиопски градови против бунтовничката група од отцепениот регион Тиграј, откако централната власт се најде под притисок до доближувањето на бунтовничките борци до главниот град Адис Абеба.

Демонстрантите мирно маршираа низ улиците на главниот град и другите градови за да ја изразат поддршката за армијата против бунтовничката група „Национален ослободителен фронт на Тиграј” (ТПЛФ), која се бори за поголема автономија во овој северен регион на Етиопија.

Протестите, организирани од владата, беа насочени и против земјите кои повикуваат на прекин на насилството.

– Не ни треба мешање однадвор, беше напишано на некои транспарентите.

Владата на премиерот Абиј Ахмед пред неколку дена прогласи вонредна состојба во целата земја. Таа, исто така, го повика населението да земе оружје в рака против ТПЛФ.

Притисокот врз централната влада расте откако ТПЛФ соопшти дека нејзините сили се наоѓаат на помалку од 350 километри од Адис Абеба. Стотици бегалци од северните региони Тиграј, Амхара и Афар вчера пристигнаа во главниот град, изјави очевидец за ДПА.

Многу луѓе од Тиграј вчера беа уапсени во главниот град и изнесени од него со воени возила, а полицијата потврди дека е извршена „операција на чистење”.

Конфликтот избувна кога нобеловецот Абиј се обиде да ја собори ТПЛФ, која беше на власт во регионот Тиграј. Многу луѓе од овиј регион се чувствуваат како централната власт да не ги претставува нивните интереси и бараат поголема автономија.

Во меѓувреме, на околу 400 000 лица од северот на земјата им се заканува глад.

Фото: EPA-EFE/STR
Фото: EPA-EFE/STR
Фото: EPA-EFE/STR
Фото: EPA-EFE/STR

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Нов морничав тренд во Кина: Родителите им ставаат калапи на бебињата за обликување на главата

Следно

Мицкоски: Најдоцна до 14.30 часот утре ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian