ДУИ за „Слободен печат“: Дардишта зборува за изборна битка, а не за „војна“

1 min read

Откако Шкодране Дардишта, функционер на ДУИ, поранешна директорка во Клиничкиот центар во Скопје и актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком во статус на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека за час ќе ги извади белите патики и дека се уште ги чува чизмите на таван, со реакција се јавија и од нејзината партија.

Од ДУИ ексклузивно за „Слободен печат“ велат дека госпоѓата Дардишта зборува за изборна битка.

„Госпоѓица Дардишта зборуваше за изборни битки, а не за војна. Таа сакаше да каже дека ДУИ е подготвена да се соочи на изборниот терен кога тоа ќе го посакаат опозициските партии. Тоа нема никаква врска со повиците за војна. ДУИ како апсолутен победник на локалните избори е подготвена секогаш кога и да се одржат парламентарните избори да влезе во трка и да излезе како победник. Чизмите подразбират подготвеност за изборен терен“, велат од ДУИ за „Слободен печат“.

„Слободен печат“ денеска се обиде да стапи во контакт и со Дардишта со цел да добиеме коментар за објавата, но таа не одговара на нашите повици.

– Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, порача Дардишта на Фејсбук.

Откако се закани со војна, Дардишта не е достапна за коментар

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дечкото ѝ удрил шлаканица на српската актерка среде Белград, таа му го искршила „поршето“

Следно

Потврда и од Џенова: Шевченко ќе биде новиот тренер на Пандев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian