Додик до Ескобар: Залудно доаѓа ако мисли дека кризата во БиХ е предизвикана за да ги сочувам моќта и богатството

1 min read

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик истакна дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар треба да знае дека БиХ може да има иднина само врз основа на Уставот на БиХ, за кој сите се согласија во 1995 година, и доколку нејзините народи и ентитети се борат за тоа, а не Американци, Руси, Европејци или високи претставници, пишува Срна.

– Ако меѓународниот фактор навистина се залага за опстанок на БиХ, тогаш и пред нив и пред нас е прилично јасен избор, а тоа е Уставот на БиХ, кој никој не го оспорува и кој е недвосмислен, изјави Додик за Срна.

Доколку Габриел Ескобар смета дека кризата во која се наоѓа БиХ е предизвикана од, како што вели, Милорад Додик со цел тој да ги сочува моќта и богатството, српскиот член на Претседателството на БиХ му порачува дека тој џабе доаѓа.

Додик вели дека во БиХ повеќе не поминува силата на меѓународниот фактор и ниту силата, ниту заканите не можат да дадат резултат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети: Лажни вести се дека пратеници од ДУИ ќе го зголемат мнозинството на Мицкоски

Следно

Меган успеа во нешто во што никој не можеше! Прва политичка победа на војвотката во Америка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian