Бабунски во А репрезентацијата како замена за повредениот Јаховиќ

1 min read

На натпреварот од турската Суперлига помеѓу Гезтепе и Коњаспор стартер за домаќините беше македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ, но на теренот беше само 16 минути.

Поради повреда мораше да го напушти теренот, а по се изгледа истата е од посериозен карактер.

Беше повикан во составот на македонската А репрезентација за последните два квалификациски мечеви за пласман на Светското првенство 2022 против месецов против Ерменија и Исланд.

Нема потврда од Фудбалската федерација на Македонија, но од Бугарија доаѓаат информации дека е најдена замената за Јаховиќ.

Станува збор за Доријан Бабунски (25) кој моментно ги брани боите на Ботев Враца и во чиј дрес покажува одлични перформанси.

Токму денеска реализираше два голови во поразот на неговиот клуб на гостувањето кај Арда (3:2). Во тамошниот шампионат има севкупно шест погодоци од 13 настапи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британците пишуваат дека Џо Бајден гласно прднал пред војвотката Камила

Следно

ФОТОГАЛЕРИЈА | Кој е Пит Дејвидсон, новата „љубов“ на Ким Кардашијан: Заведе куп светски убавици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian