Времето денеска облачно и топло со температура до 24 степени

1 min read

Времето денеска во земјава ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо опаѓање на температурите ќе има од средината на наредната седмица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Осум лица загинаа на концерт: Ужасно стампедо во Хјустон, пожарникарите ги спасуваа луѓето

Следно

ВИДЕО: Дурент го реши Детроит, Кливленд и Вашингтон се хит во НБА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian