Фудбалерите на Јувентус ја прекинаа мини серијата од два порази по ред од Верона и Сасуоло во Серија А откако вечерва на домашен терен ја совладаа Фиорентина.
„Старата дама“ славеше со 1:0 и тоа со гол постигнат во 92 минута. Херој на Јувентус беше Хуан Квадрадо, а интересно е што во првото полувреме не беше упатен ниту еден шут во рамките на двата гола.
Јувентус имаше шанса во 95 минута да постигне уште еден гол, но Киеза не беше прецизен.
Со трите бодови, Јувентус се искачи на делба од шестото до осмото место со Лацио и Фиорентина, сите три
екипи имаат по 18 бодови, но Лацио својот натпревар од 12 коло ќе го игра утре против Салернитана.