Дербито на 11 коло во Бундеслигата се одигра во Лајпциг каде домашниот тим со 2:1 ја совлада Борусија Дортмунд и се искачи на петтото место на табелата со 18 бодови.
На триумфот на Лајпциг му се израдуваа и во Баерн Минхен кој ја задржа предноста од четири бода на лидерската позиција на табелата во одност на Борусија.
Домаќините поведоа во 29 минута кога додавањето на Јошко Гвардиол средината на теренот, топката дојде до Нкунку кој го помина голманот Кобел и го отвори резултатот.
Потоа се очекуваше реакција на „милиоинерите“ и таа дојде на стартот од второто полувреме, во 52 минута Марко Ројс го израмни резултатот.
Сепак, 16 минути подоцна, мрежата на Борусија повторно се затресе и Лајпциг ја врати предноста. Поулсен ја започна акцијата на домаќините на средина од теренот покрај десната аут линија. Потоа ја испрати топката на спротивната страна пред казнениот простор и втрча во шеснаесетникот каде Нкунку го проигра по Поулсен кој постигна гол за 2:1. До крајот на натпреварот и Мукијеле постигна гол за Лајпциг, но судијата го поништи поради офсајд.