ВИДЕО: Дурент го реши Детроит, Кливленд и Вашингтон се хит во НБА

2 mins read

Кошаркарите на Бруклин нетс го совладаа Детроит пистонс со 96:90 и ја остварија шестата победа во деветтиот натпревар сезонава во НБА лигата.
Вообичаено прво име кај Бруклин беше Кевин Дурент со 29 поени и 10 скокови, а ги погоди сите важни шутеви во завршницата кога се одлучуваше победникот. Ламаркус Олдриџ постигна 16 поени, а Џејмс Харден оствари трипл-дабл од 13 поени и по 10 скокови и асистенции.
Кај Детроит најдобар беше првиот избор на драфтот, Кејд Канингем со 17 поени.

Возбудливо беше и во Торонто каде Кливленд кавалирс го победија домашниот тим со 102:101. Дариус Гарланд ги постигна клучните слободни фрлања на 4.8 секунди до крајот и му ја донесе третата победа по ред на Кливленд, додека Торонто го доживеа првиот пораз по серијата од пет триумфи. Јунакот Гарланд постигна 21 поени, Џеред Ален додаде 16 поени и 15 скокови, а Еван Мобли даде 18 поени.
Во редовите на Тооронто се истакнаа О Џи Ануноби со 21 поен и Фред Ванвлит со 18 поени.


Вашингтон го декласира Мемфис со 115:87 и дојде до шестата победа во деветтиот натпревар. Најдобар беше Монтрез Херел со 18 поени и 8 скокови, додека Бредли Бил даде 17 поени.


ЛА Клиперс дојде до третата победа по ред откако повторно беа подобри од Минесота со 104:84 иако во првото полувреме имаа негатива од дури 20 поени.
Пол Џорџ со 21 поен и 11 скокови ги предводеше Клиперси каде се истакна и Реџи Џексон со 20 поени.


Шампионот Милвоки бакс продолжува да реди порази и сега има скор од 4-5 откако испушти 21 поен предност против Њујорк никс за на крајот да загуби со 113:93. Одлична партија кај победникот прикажа Џулиус Рендл со 32 поени и 12 скокови, додека кај Милвоки прво име беше Јанис Адетокумпо со 25 поени.


Резултати:
Детроит – Бруклин 90:96
Орландо – Сан Антонио 89:102
Вашингтон – Мемфис 115:87
Милвоки – Њујорк 98:113
Торонто – Кливленд 101:102
Минесота – ЛА Клиперс 84:104
Голден Стејт – Њу Орлеанс 126:85
Портланд – Индијана 110:106
Сакраменто – Шарлот 140:110

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Времето денеска облачно и топло со температура до 24 степени

Следно

Млада бразилска пејачка загина во страотна авионска несреќа – Бразил жали по Марилиа Мендоча

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian