Србија тагува по пејачот Маринко Роквиќ кој пред да почине изјави „ Не сум добро, семејството е покрај мене, ве молам за разбирање“

2 mins read

Пејачот Маринко Роквиќ почина на 68 годишна возраст на Клиничкиот центар во Белград, откако се бореше со бактерија што му го нападнала организмот.

На своето последно обраќање во медиумите изјави дека не му е добро и дека ги откажува сите настапи.

„Многумина ме поканија да настапувам, но морав да ги одбијам  поради здравствени причини. Сопругата е околу мене, синовите исто така. Не сум во состојба да ви раскажувам, едвај и зборувам како што слушате. Ако можете, побарајте ме откако ќе помине сево ова, извинете.“

Минатата година Маринко го прележа коронавирусот, а потоа имаше операција. По интервенцијата, Маринко изјави дека се чувствува добро и дека сопругата се грижи за него.

Маринко Роквиќ/Prinstcreen/Youtube
Маринко Роквиќ/Prinstcreen/Youtube

Неговиот син, Никола првпат даде изјава откако веста одекна како бомба низ српската јавност.

„Почина, не можам да зборувам“ – низ солзи изјави Никола. Пред да се случи боледувањето, тој само дал кратка изјава дека татко му не е добар и се надеваат на најдоброто, пренесоа српските медиуми.

Во една пригода, тој сподели на својот инстаграм профил ретро фотографија од него и Маринко, на која напиша:

„Мојот јунак од Роквиќ благородништвото“, така ми стои во телефонот! Многу јунаци сум имал во животот, Супермен, Бетмен, но за мене само еден е вистинскиот, мојот татко. Јунак кој ми покажа и ме научи на многу нешта…“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

Освен Никола, Маринко Роквиќ има уште еден син, Марко. И двајцата синови тргнаа по стапките на својот татко и се успешни во кариерите како поп-фолк музичари во Србија.

Во 2015 тата година, тој одржа концерт во белградскиот „Сава центар“ и одбележа 40 плодни години кариера. Во 2019 година ја доби Естрадно музичката награда на Србија за животно дело, која ја доделува Сојузот на естрадно музичките уметници во Србија. Беше омилен  во сите поранешни југословенски републики како исполнувач на севдалинки. Во 2015 година настапи и со нашата домашна група „Молика“ на ТВ Гранд, исполнувајќи ја во дует со пејачката Анета, македонскиот народен хит „Калино моме“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Лавовите“ во земаа скалпот на Шкупи, убедлив триумф на А. Пандев против Работнички

Следно

Девет бунтовнички групи се собраа против етиопската влада и најавија марш кон Адис Абеба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian