Снопче за здружувањето со Левица: Имаме заедничка цел – да се отстрани овој хибриден режим

1 min read

Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче во студиото на ТВ21 вечерва го објаснуваше учеството на Левица во иницијативата за формирање ново парламентарно мнозинство.

Тој не одговори директно на прашањето дали сите 12 пратеници од Алијанса/Алтернатива биле свесни дека во оваа иницијатива е вклучена и партијата на Димитар Апасиев.

„За жал, постои тенденција од порталите, од страна на луѓе од власта, да го форсираат тој концепт на политички дискурс: или Левица да ја нема или нема Влада. Ние имаме поинаков принцип. Нашиот политички принцип и филозофија е концептот на политичка конјунктура. Значи оваа Влада мора да се урне. Оваа власт мора да се декриминализира. Со овие девијантни појави мора да се бориме. Овој хибриден режим мора да се отстрани од политичката сцена. Значи, ајде да го направиме сето ова во рамките на концептот на конјунктура, сите заедно. Целта на опозицијата е да ја урне власта“, рече Снопче.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

БЕГСТВО ОД ЦИРКУС: Камили се прошетаа низ Мадрид (ВИДЕО)

Следно

ВИДЕО: „Кралевите“ два пати го матираа Димитриевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian