Симптоми кои укажуваат на недостаток на магнезиум во телото

2 mins read

Магнезиумот е многу важен за човечкото тело бидејќи е вклучен во повеќе од 300 витални метаболички процеси во телото. Тој е осми најчест минерал на Земјата и трет најчест минерал во морската вода, по натриумот и хлоридот.

За нас најважен факт е дека тој е четвртиот најчест минерал во човечкото тело. Најмногу го има во коските и забите, односно околу 60 и 65%, остатокот е во мускулното ткиво и клетките, а 1% во крвта.

Улогата на магнезиумот во човечкото тело

Магнезиумот помага во стимулирање на метаболичките процеси, вклучително и ослободување на енергија од храната и нејзино пренесување низ телото, а учествува и во формирањето на протеините. Без него, метаболизмот на јаглени хидрати, протеини и масти не би бил возможен.

Освен тоа, магнезиумот помага во процесите кои го контролираат функционирањето на мускулите и нервите, ги одржува здравите коски, здравото срце и нормалното ниво на шеќер во крвта и игра важна улога во зголемувањето на енергијата.

Студијата спроведена на примерок од 12.340 мажи и жени со период на следење од 19 години покажа дека 30% помалку смртни случаи од кардиоваскуларни болести биле пријавени кај пациенти со висок крвен магнезиум (од книгата Минерали – д-р Улрих Штрунц и Андреас Соп).

Затоа, секоја клетка во човечкото тело има потреба од соодветна количина на магнезиум. Во спротивно – неговата функција е нарушена. Но, она што е важно да се нагласи е дека магнезиумот „работи“ заедно со калциумот и на тој начин заедно ги регулираат електричните импулси во клетката.

Сепак, концентрацијата на магнезиум во здравите клетки е многу повисока од концентрацијата на калциум, а нивниот сооднос е многу важен. Нивната меѓусебна рамнотежа и функција се важни за спречување на акумулација на калциум во клетките, бидејќи во спротивно може да дојде до раздразливост, калцификација, нарушена клеточна функција или клеточна смрт.

Знаци на недостаток на магнезиум во телото

Бидејќи телото го компензира недостатокот на магнезиум со негово извлекување од коските, долготрајните периоди на недостаток се опасни.

Ова се некои од главните симптоми:

* главоболки
* мигрена,
* замор,
* поспаност,
* нервоза,
* вртоглавица
* болки во мускулите и грчеви

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Почина пејачот Маринко Роквиќ

Следно

ЕМА: Третата „бустер“ доза доведува до зголемување на бројот на антитела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian