Фолк пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград во 68-та година од животот.
Тој неодамна бил хоспитализиран поради влошената здравствена состојба.
По неговата смрт, семејството на Маринко Роквиќ се огласи и откри дека пејачот се борел со рак на панкреасот.
„Со голема тага ја известуваме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ, почина утрово после тешка борба со канцер на панкреасот. Семејството во овој неизмерно тежок момент ве замолува да ја почитувате приватноста. Деталите за датумот на погребот ќе бидат дополнително објавени“, пишува во соопштението на семејството Роквиќ.
Роден е на 27-ми јануари, 1954 година, во Босански Петровац. Тој е татко на познатиот пејач Никола Роквиќ.
ИЗВОР: lokalno.mk