СДСМ: Останува Мицкоски да изјави дека со Камчев, Груевски и Мијалков ќе го расчистува криминалот

2 mins read

Веднаш после прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку соопштение реагираа од СДСМ, тврдејќи дека Мицкоски го интересира само власт, по секоја цена, и дека не станува збор за никаква политичка идеја, нема никакви вредности, нема платформа.

„Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалиционен партнер – Левица.На следниот состанок на масата на новата коалиција останува да ги стави фотографиите од Орце Камчев, Никола Груевски и Сашо Мијалков и да изјави дека заедно ќе го расчистуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Според партијата на Заев, не може тие што ги кочеа сите прогресивни процеси, интерграцијата во НАТО и ЕУ, порастот на платите да бидат опција за иднината.

„Конфликтот на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти кои ги споменува Мицкоски не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата. Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ од каде што повикуваат на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на држава, за правда и економскиот напредок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој е Тревис Скот, раперот на чијшто концерт се случи стампедо?

Следно

Ѓоковиќ пред историски успех, клучен е мечот против Хуркач

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian