Почина познатиот српски пејач на севдалинки Маринко Роквиќ

1 min read

Познатиот српски пејач на севдалинки, Маринко Роквиќ, почина денес по кратко боледување на 68 годишна возраст.

Неодамна во јавноста излегоа информации дека Маринко е хоспитализиран и дека здравјето му е во влошена состојба, пренесува „Mondo“

Кариерата на овој  пејач започна во 1974 година, а низ годините сними 21 студиски албум и неколку сингл -плочи. Јавноста го знае по огромниот број хитови „Skitnica“,„Svađalice moja mala“, „Potražiću“,  „Zanela me svetla velikog grada“, „Polomio vetar grane,“, „Jedina mojа“ и многу други.

Роден е во јануари, 1954 година во Босански Петровец. Од мал покажувал интерес за музика и свирел на хармоника. Покрај музиката, обожавал фудбал. По завршувањето на основното училиште во Белград, сакал да се запише на музичка академија, но сите места биле пополнети, па се одлучил да студира електротехички факултет. Бил дел од КУД „Никола Тесла“ во кој настапувал како пејач.

Со децении беше во брак со Славица Роквиќ, со која има два сина. За неа имаше изјавено дека е неговата најголема поддршка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најмалку 10 пациенти загинаа во пожар во ковид одделение на болница во Индија

Следно

Неколку улици во Шутка во понеделник ќе останат без вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian