Ѓоковиќ пред историски успех, клучен е мечот против Хуркач

1 min read

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ денеска има нова можност за испишување нови страници во тениската историја и тоа во мечот од полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз во кое од 14 часот игра против Хуберт Хуркач.

Во случај на триумф и пласман во финалето, Ѓоковиќ по седми пат во кариерата на крајот од календарската година ќе биде на првото место на АТП ранг-листата , со што би го соборил рекордот на легендарниот Пит Сампрас.

Сепак, Ѓоковиќ признава дека очекува тежок меч и голема борба против Хуркач.
– Станува збор за тенисер кој има разорен сервис и добро се движи. Излегува на волен и очекувам да ме нападне бидејќи игра растеретено – изјави Ѓоковиќ.
Во второто полуфинале на Мастерсот во Париз играат Александер Зверев и Данил Медведев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ: Останува Мицкоски да изјави дека со Камчев, Груевски и Мијалков ќе го расчистува криминалот

Следно

Идеја за саботен десерт: Свиленкаст сутлијаш со мирис на ванила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian