Најмалку 84 загинати во Сиера Леоне во експлозија на цистерна со гориво

1 min read

Најмалку 84 лица загинаа вчера откако цистерна со гориво експлодира во предградие на главниот град на Сиера Леоне, Фритаун.

Мохамед Ламран Бах, од Националната агенција за управување со катастрофи на Сиера Леоне (НДМА), за Си-Ен-Ен кажа дека во инцидентот се повредени и други лица, од кои неколку се во критична состојба.

Ивон Аки-Сојер, градоначалничката на Фритаун, на Фејсбук напиша дека е „погодена од веста за експлозијата на патот Баи Буре, откако камион што превезувал гориво се судрил со друг камион”.

„Видеата и фотографиите од социјалните мрежи се болни за гледање. Упатувам сочувство до семејствата на жртвите од експлозијата. Нека душите на починатите почиваат во совршен мир”, додаде Аки-Сојер.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Млада бразилска пејачка загина во страотна авионска несреќа – Бразил жали по Марилиа Мендоча

Следно

Тачи: Ова е голем театар и манифестација на немоќ, Заев ќе ја предводи следната влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian