Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка на Големата награда на Алгарве. Втората стартна позиција ќе ја има Џек Милер, а во првиот ред ќе биде уште и Жоан Мир.
Бањај апо петти пат едноподруго ќе стартува од пол позицијата во Мото ГП шампионатот, а до најдобрата позиција за утрешната трка дојде со нов рекорд во квалификациите. Најбрзиот круг на Бањаја на патеката „Портимао“ изнесуваше 1:38.725 минути.
Второпласираниот Милер заостана 104 илјадитинки, додека Мир заостана 168 илјадити делови од секундата.
Од вториот ред на утрешната трка ќе стартуваат Хорхе Мартин, Жоан Зарко и Пол Еспаргаро, додека во третиот ред ќе бидат новиот светски шампион Фабио Квартараро, Алекс Маркез и Франко Морбидели.