Медведев е противникот на Ѓоковиќ во финалето во Париз

1 min read

Рускиот тенисер Данил Медведев ќе игра во финалето на Мастерс турнирот во Париз откако во полуфиналето во два сета го победи Александер Зверев.

Медведев титулата освоена минатата година ќе ја брани против Новак Ѓоковиќ кој од друга страна годината ќе ја заврши како најдобар тенисер на светот на крајот од годината.

Вториот тенисер на АТП ранг листата одигра фузиозен меч против Зверев кого го совлада за 80 минути со 6:2,6:2.

Германецот беше конкурентен само на стартот од мечот по што Медведев ја презеде целосната котрола. Од поен во поен играше се подобро, а Зверев не успеа да најде одговорот на таквата игра.

По 2:2 во првиот сет, Медевед освои девет од наредните десет гема и на доминантен начин дојде до победата и ја најави пресметката во финалето против Ѓоковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ориѓански на Фејсбук напиша „Не смееме да се предадеме на оние дебили“, па ја избриша објавата

Следно

Короната беснее во Хрватска, денеска рекорден број нови случаи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian