Конгресмени го „тужат“ Вучиќ кај Бајден: Српскиот претседател ја продлабочува корупцијата

1 min read

Седуммина конгресмени од САД испратиле писмо до претседателот Џо Бајден, во кое бараат САД „поактивно да се вклучат во борбата против корупцијата во Србија, во спречување на задушувањето на слободата на медиумите и во организирањето слободни и фер избори“, објави Нова.рс.

Тие наведуваат дека претседателот на Србија ја продлабочил корупцијата, дека Владата овозможила огромни профити за Телевизијата Пинк, како и дека работата на државниот Телеком е обвиена во тајност. Во писмото на конгресмените упатено до претседателот Бајден се наведува дека тие се длабоко загрижени за политичката и хуманитарната ситуација во Србија и влијанието што таа го има врз регионот на Западен Балкан и Европа како целина.

Конгресмените потсетуваат дека при посетата на Србија во август 2016 година, Бајден како потпретседател на САД изјавил дека просперитетот на Србија е во интерес на земјата.

„Затоа, ја охрабруваме вашата администрација да се ангажира околу претседателот Александар Вучиќ во борбата против корупцијата и да ги потисне нападите врз слободните медиуми. Двете прашања се клучни за Србија и за нејзините аспирации да стане дел од Европската унија“, велат конгресмените.

Тие го повикуваат Бајден да размисли за користење на Извршната наредба 14033, која предвидува блокирање имот и забрана за влез во САД за оние кои влијаат на дестабилизација во земјите на Западен Балкан.

„Сметаме дека тоа би било корисно, бидејќи ќе поттикне потранспарентна и поодговорна влада на Србија, која ги почитува демократијата, човекот и владеењето на правото“, велат конгресмените.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Баерн му го нанесе првиот пораз на Фрајбург во Бундеслигата

Следно

ФОТО | Несекојдневна глетка, осум камили и лами на „прошетка“ среде Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian