Хајредини го критикува Ахмети: Благодарение на твојот „контакт“ со САД, НАТО и ЕУ сме на ова дереџе

1 min read

Поранешниот министер за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, на Фејсбук го критикува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поради неговата изјава поврзана со веста за формирањето ново парламентарно мнозинство.

„Благодарение на твојот „контакт” со САД, НАТО и ЕУ, Македонија после 20 години дојде во ситуација во која се наоѓа денес, напиша Хајредини во објавата упатена кон Ахмети.

Лидерот на ДУИ, кој се соочува со ситуација за првпат да не биде во власта од 2008 година, вчеравечер напиша на Фејсбук дека е во контакт со САД, НАТО и ЕУ и дека воочи новата политичка ситуација по најавата на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство „ќе постапуваат без емоции и еуфорија“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Епидемијата на ковид-19 во САД може да заврши до Нова година, вели директор на Фајзер

Следно

ВИДЕО: Јувентус во судиското продолжение дојде до триумф над Фиорентина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian