ФОТО | Во посета на село Свето Тодори: Земјоделката Соња, невработена, има цветна приказна за паметење!

1 min read

Во овој невообичаено топол ден, речиси како да е пролет, го посетивме дворот на Соња Спировска во селото Свето Тодори, во општината Могила. И многу ни се допадна ова живописно село, ако не сте минале оттука, ставете го на листата на некои од следните ваши дестинации за посета.

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, станува збор за ридско селце, со преубав чист воздух, вгнездено на надморска височина од 660 метри.

ТАМУ НÈ ПРЕЧЕКА ЉУБЕЗНАТА ГОСПОЃА СОЊА, КОЈА Е ИНАКУ НЕВРАБОТЕНА, А СЕ ЗАНИМАВА СО ЕДНА БЛАГОТВОРНА ДЕЈНОСТ – ЗЕМЈОДЕЛИЕ.

фото: приватна архива

Дворот на семејството е импресивен, се простира на околу 300 квадратни метри, а него се грижи нашата дветна дама, со голема помош од сопругот и децата.

– Најмногу одгледувам сардели, петунии, хризантеми и ружи – ни вели Соња.

Таа на своите убавици секојдневно им посветува час до два.

фото: приватна архива

Ни признава дека сите цвеќиња ги сака и не може да одвои само едно што ѝ е омилено!

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.

Извор: Еспресо.мк 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Третото гласање и шансите на старата власт во Бугарија: Одмаздата демне насекаде

Следно

Гаши: Не сме опозициска партија ако не потпишеме да се урне мнозинството

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian