ФОТО | Несекојдневна глетка, осум камили и лами на „прошетка“ среде Мадрид

1 min read

Осум камили и лами побегнале од циркус и шетале утринава по улиците на шпанскиот главен град Мадрид, соопшти тамошната полиција.

Претставник на циркусот „Kuiros“, ги обвини за активистите за права на животните за саботажа, затоа што камилите и ламите наводно биле забележани утрото во јужниот округ на Карабранкел, во непосредна близина каде што е и циркусот – пренесува „ABC net“

Од полицијата биле загрижени за животните и нивното „здраво и сигурно“ враќање во циркусот, а претставникот на циркусот изјавил дека многу му олеснало што животните се пронајдени.

„Фала богу што ништо не им се случило“ – изјави тој.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Конгресмени го „тужат“ Вучиќ кај Бајден: Српскиот претседател ја продлабочува корупцијата

Следно

Бразил во солзи: На 26 години загина една од најпопуларните пејачки во земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian