Епидемијата на ковид-19 во САД може да заврши до Нова година, вели директор на Фајзер

1 min read

Членот на одборот на директори на „Фајзер“, д-р Скот Готлиб, изјави за CNBC дека епидемијата на коронавирусот во САД може да заврши до 4 јануари, кога ќе стапи на сила мерката на администрацијата на Бајден за задолжителна вакцинација за сите вработени Американци во компаниите со над 100 вработени.

Дотогаш, околу 84 милиони работници во земјата мораат да ја добијат втората доза од вакцината „Фајзер“ или „Модерна“, или единечна доза од вакцината Џонсон и Џонсон. Во спротивно, невакцинираните работници ќе мора редовно да се тестираат.

Од почетокот на декември сите невакцинирани работници мора да имаат маски во затворен простор. Компаниите нема да плаќаат за тестови или маски на своите работници, а компанија која нема да ги почитува правилата ќе плати казна од 13.000 до 136.000 долари.

Готлиб објасни дека новиот лек на Фајзер не може да се смета за замена за вакцината и рече дека вакцините се потребни за да се стави крај на пандемијата, дури и со ефективни таблети.

Тој посочи дека лековите против Ковид може да помогнат во лекувањето на случаи на болести кај лицата со висок ризик.

„Кога имате терапевтски лекови кои се толку ефикасни, тоа може да биде спас за луѓето кај кои вакцините не делуваат. Тоа е пат до заштита од сериозни болести и смрт“, изјави Готлиб за CNBC.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецензија: Кој е виновникот во „The Gulity“?

Следно

Хајредини го критикува Ахмети: Благодарение на твојот „контакт“ со САД, НАТО и ЕУ сме на ова дереџе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian