Девет бунтовнички групи се собраа против етиопската влада и најавија марш кон Адис Абеба

2 mins read

Девет етиопски бунтовнички групи вчера прогласија Алијанса против владата на премиерот Абиј Ахмед, и предводени од Националниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛГ) се закануваат дека ќе маршираат кон главниот град Адис Абеба.

Поради „ескалацијата“ на конфликтот на северот на земјата, САД вчера ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Етиопија „што е можно поскоро“.

Федералната влада веќе една година војува против борците на Националниот ослободителен фронт Тиграј (TPFL) кои во последните месеци напредуваа кон другите соседни региони, особено во областа Амхара.

ТПЛФ и нивниот сојузник Ослободителната војска на Оромо (ОЛА), вооружена група на народот Оромо, не исклучуваат марш до Адис Абеба за соборување на Абиј Ахмед.

Неговата влада демантира дека има каква било закана.

ТПЛФ и ОЛА вчера соопштија дека ќе се обединат против владата со уште седум други помалку познати организации од различни региони и нации.

ТПЛФ кон крајот на 1980-тите години веќе беше во коалиција со други етнички и географски групи, пред соборувањето на автократот Менгисту Хајлемариам во 1991 година. Таа коалиција, во која доминираше ТПЛФ, ја водеше земјата речиси 30 години пред протестното движење што го донесе Ахмед на власт во 2018 година.

Кога стана премиер, Ахмед постепено ја отстрани ТПЛФ од федералната власт.

По неколкумесечни тензии, Ахмед, кој во 2019 година ја доби Нобеловата награда за мир, лани во декември испрати војска во Тиграј за да ги собори регионалните власти формирани од ТПФЛ, обвинувајќи ги дека ги нападнале федералните воени бази.

Двете страни се глуви на повиците на меѓународната заедница за примирје и преговори и продолжуваат со војната.

Во Етиопија во вторникот беше прогласена вонредна состојба, со која на властите им се дозволува да го приведат без налог секое лице осомничено за поддршка на „терористички групи“ и да ги затворат медиумите кои „обезбедуваат директна или индиректна морална поддршка на ТПЛФ„“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија тагува по пејачот Маринко Роквиќ кој пред да почине изјави „ Не сум добро, семејството е покрај мене, ве молам за разбирање“

Следно

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на Заев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian